HOTEL ALEKSANDRIJA 4*
Хотел Александрија 4* се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, во центарот на Охрид и е дел од стариот град наречен Варош. Неговата ексклузивна локација во центарот на градот значи дека на само неколку чекори ќе најдете многу кафулиња, ресторани, клубови, продавници за сувенири, специјализирани винарии и продавници за накит со познатите охридски бисери. Во непосредна близина се наоѓаат три прекрасни плажи: Сараиште, Потпеш и Канео, кои пленат со својата убавина и јасност на водата.
Во склоп на хотелот Александрија има одличен ресторан каде можете да пробате традиционални јадења, но и меѓународни специјалитети, а кафе-барот има своја тераса на шеталиштето крај езерото.
Цените се дадени во €. Плаќање во денари 1€=61,8 денари
*услуга | ноќевање со појадок
Доплати и попусти:
- Деца до 7 години - БЕСПЛАТНО
- Деца од 7 до 12 години - плаќаат 15 € на ден















