1 ден (сабота – 29.12.2018): ОХРИД
Поаѓање во 22.00 часот со автобус преку Албанија. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ден (недела – 30.12.2018): БУДВА – ХЕРЦЕГ НОВИ
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, посета на св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... па преку Тиват со траект пристигнување во Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани. Прошетка низ Игало – најпознатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи.. кое е долго од Игало до Мељине, кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“. Вечерта на плоштад за добро расположение ќе се погрижи Сплитската поп пејачка ЈЕЛЕНА РОЗГА. Ноќевање.


3 ден (понеделник – 31.12.2018): ХЕРЦЕГ НОВИ – ТИВАТ
Слободно предпладне во Херцег Нови. Вечерта дочек на Новата 2019 г. на плоштад во Херцег Нови, а најавен е настап на најпознатата рок група од Београд РИБЉА ЧОРБА со нејзиниот фронтмен БОРА ЏОРЏЕВИЌ, или пак факултативно дочек на Новата 2019 год. во Тиват каде е најавена супер забава со една од најголемите Балкански звезди ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЧ. По полноќ враќање во Херцег Нови. Ноќевање.


4 ден (вторник – 01.01.2019): ДУБРОВНИК – ХЕРЦЕГ НОВИ
Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала итн. Враќање во Херцег Нови, па се продолжува преку Бокакоторскиот залив. Вечерта поаѓање за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи. 


5 ден (среда – 02.01.2019): ОХРИД
Пристигнување во ноќните или раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 4.600,00 денари

Цената на аранжманот вклучува:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во соби,студиа и апартмани
- разгледување на Херцег Нови, Будва, Игало...
- организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
- патничко здравствено осигурување
- факултативно дочек на Н.Г. на плоштад во Тиват на 31.12.2018г.- 5 еур 
- факултативен излет до Дубровник - 10 еур
- влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година. Крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување