ГЕРАКИНИ | CORAL BLUE BEACH

Локација: 

Грција / Халкидики / Ситониjа / Геракини​

Локацијата, песочната плажа, уредувањето на околината и објектите, бистрата и плитка вода се причината што хотелот е погоден за одмор за било која возрасна група, од најмали до најстари. За фамилиите со мали деца. Ако го посакувате одморот од соништата “со деца а одморени”, Coral Blue Beach е вистинскиот избор за вас. 

Плажа: Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.

Услуга: Полупансион (појадок и вечера).

Интернет: Бесплатно Wi - Fi на рецепција и на барот покрај плажа.

Сместување: 

Двокреветна соба - Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) - максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
Двокреветни бунгалов - Double Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99) или 3 возрасни;
Фамилијарна соба со кревет на спрат - Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99 години) или 3 возрасни;

Тип на дополнително легло: На расклопување.


Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi - Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. 

Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;

Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) - 5 € на ноќ - со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот. 

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2020
Валидно за период на престој од 14.06 до крајот на сезоната
Уплата 50% до 05.03.2020

Цените се дадени по ЛИЦЕ за 7 ноќевања со појадок и вечера

Сите цени се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

 

Информации за лежалките:

За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања со појадок и вечера;

  • Едно дете до 11.99 години - Бесплатно;

  • Две деца до 11.99 години се сместуваат бесплатно;

  • Користење на клима уред;

  • Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот;

  • Паркинг (во согласност со слободни места во моментот).

Доплати:

  • Туристичка такса од 1,5 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел;

  • Трет возрасен на дополнително легло плаќа 30€ на ноќ;

  • Трето дете од 0-11,99 години 25€ на ноќ;

Напомена за попусти:

  • Бројот на соби кој може да се реззервира со Early booking попусти е ограничен!

  • Агенцијата го задржува правото за промена или прекинување на Early booking попустите пред наведените датуми на истекување на истите.

  • Резервациите направени по Early booking не може да се комбинираат со ниеден друг попсут.

  • доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплата.

  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Хотелски содржини: 

  • Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;

  • Главениот ресторан "Thalassa" е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.

  • Барот на плажа "Ammos" е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;

  • Лоби бар "Blue Wave", работи 24 часа на ден и овде исто така се нудат повеќе видови на кафе, грицки, сладоледи, слатки, освежување и алкохол.

Важна напомена:

При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

1/2

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean