top of page

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО СОСТОЈБИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД "COVID-19"

          Почитувани Патници,

          Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID–19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот го испраќаме ова соопштение до Вас во име на нашата туристичка агенција, со цел да Ве информираме дека сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани (пакет аранжмани -апартманско и хотелско сместување) за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно со 2020 година, се целосно откажани за реализација од страна на туристичките агенции. Тоа значи дека станува збор за генерална одлука (Се додека не се створат услови за повторно патување).

          На патниците кои имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг пакет аранжман.

         

         ВАЖНА НАПОМЕНА!!

На патниците кои имаат уплатено аранжмани со попуст (Early Booking) за одредени дестинации и нема да подигнат вредносен ваучер, Т.А ИНТЕР ТРАВЕЛ ќе понуди нови договори по истите цени за истите или други термини, кои ќе важат по нормализирање на условите за патување и според новите услови на објавените програми за тој период.

          За ИНДИВИДУАЛНИ АРАНЖМАНИ со посредство на Т.А. ИНТЕР ТРАВЕЛ, во периодот на 2020 година:

За сите направени индивидуални резервации за: хотели, крстарења, “city break” програми и интерконтинентални (далечни) патувања, ќе се применуваат условите кои давателите на услугите ќе ги понудат на корисниците на истите, согласно мерките и препораките на Владите на земјите во кои треба да се реализира уплатениот аранжман.

***

          Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

          Владата, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.

  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).

  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.

  • Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).

  • Вредноста на ваучерот ќе биде во истиот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.

  • Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот (од моментот на започнување со редовна работа на канцелариите), или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).

  • Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.

 

* Горенаведените услови НЕ се однесуваат на резервациите за авионски билети. За секој авионски билет ќе бидат валидни условите на самите авио компании кои се реализатори на летовите. За подетални информации контактирајте нé на следниов е-маил: intravel@t.mk

 

          Посакувајќи Ви добро здравје и скорешно безгрижно патување, 

          Ваша, Т.А. ИНТЕР ТРАВЕЛ

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean
bottom of page