ГОЛЕМА БАЛКАНСКА ТУРА

6 ДНЕВНА ТУРА

6 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – БЛАГОЕВГРАД
Состанок на групата пред агенцијата во 08.00 часот. Поаѓање за Бугарија во 08.30 часот. Патување преку Кочани, Делчево до Благоевград. По обавување на граничните формалности, заминување кон Рилскиот Манастир, еден од најубавите манастири на
Балканот, место каде се наоѓа и гробот на последниот Бугарски Цар. Заминување во Благоевград. Разглед на Багоевград. Заминувањe кон Софија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ВТОР ДЕН | СОФИЈА – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот заминување за разглед на Софија со посета на катедралната црква Св. Александар Невски, Парламентот, Преседателската Палата, центарот на градот. Заминување преку Пловдив за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во вечерните
часови. Сместување во хотел. Слободно време – одмор. Посета на ресторан. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот, заминување на панорамски разглед на градот: Посета на Топкапи Палатата, Плавата Џамија, Плоштадот Таксим, Античкиот Хиподром, Златниот Рог и др. Слободно попладне за лични активности и шопинг. Факултативна посета на Долма Бахче
Сарај - последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде што починал големиот лидер на Турција, Кемал Ататурк. Потоа, посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори. Враќање во хотелот, или можност за
шопинг низ познатата Капали Чаршија. Вечерта посета на национален ресторан со трбушни танци, вечера и програма (Турска вечер). Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот можност за факултативно крстарење со брод по Босфорот со професионален водич, панорамски разглед на градот и мостовите кои го поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул – градот на два континенти. Слободно време за шопинг. Ноќевање.


ПЕТТИ ДЕН | ИСТАНБУЛ – СОЛУН
Појадок. Во 08.00 часот заминување за Солун. Патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Солун. Сместување во хотел. Слободно време за разглед и шопинг низ Солун. Посета на шопинг центарот "Carrefour". Ноќевање.


ШЕСТИ ДЕН | СОЛУН – ПЕЛА – ВОДЕН – БИТОЛА
Појадок. Панорамски разглед на градот: Виа Игнација, Пристаништето, Белата Кула, Плоштадите Аристотелус и црквата Св. Димитрија Солунски. Заминување кон Пела. Разглед на локалитетот и музејот. Во пладневните часови поаѓање кон Воден и посета на познатите водопади. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 29.900,оо МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз на дадената релација Битола – Истанбул – Битола
• Разглед на Рилскиот Манастир и Благоевград

• 1 Ноќевање со појадок вечера во хотел со 4 * во Софија
• 3 Ноќевања со појадок и вечера (шведски стол) во хотел со 4* во центарот на Истанбул
• 1 Ноќевање со појадок и вечера (шведски стол) во хотел со 5* во Солун
• Панорамски разглед на Истанбул со локален професионален водич според програмата
• Панорамски разглед на Солун според програмата
• Водич придружник за цело време на патувањето
• Организација и водство на патувањето


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за културно-историските споменици

• Факултативните излети

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување