top of page
63250440.jpg

RUSKOVETS RESORT 4* - Dobrinishte

Ruskovets Thermal SPA & Ski Resort е модерен хотелски комплекс лоциран во с. Добриниште, на само 6 km од Банско. Сместен е на падините на Пирин планина, во преубаво зелено опкружување, со специфичен архитектонски изглед и Спа центар со термална вода од сопствен извор. Бежичниот интернет е достапен на целата површина на хотелот.

Сите сместувачки единици се климатизирани и опремени со ТВ, фрижидер и ел. бокал, балкон, а вилите со тераси со панорамски поглед на планината, камин и загреана ски остава. Бесплатен паркинг е достапен за гостите на хотелот.

Спа центар нуди внатрешни базени, сауна, парна бања, kneipp клупа и теретана. На надворешната панорамска тераса се и 2 надворешни џакузија со лежалки и чадори. Во понуда се и јапонската масажа и терапии, со доплата.

Ruskovets Thermal SPA & Ski Resort нуди анимација за најмладите, детско игралиште и детски клуб. Во ресторанот се достапни и столчињата за најмладите. Ресторанот нуди јадења од еко производи од регионот, а специјалните диетални менија се достапни на барање.

Хотелот нуди ски остава и бесплатен трансфер до ски лифтот во Банско и Добриниште.

НОВО!!! Хотелот дозволува престој на домашни миленици до 10кг /само во вилите/ на барање и со доплата од 15 еур на ден.

Ruskovets Thermal SPA & Ski Resort 4* - DOBRINISHTE

RUSKOVETS RESORT.png
bottom of page