СРЕДНОЕВРОПСКА ПАНОРАМА

7 ДНЕВНА ТУРА

6 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на пред деловните простории на агенцијата во 18.00 часот. Поаѓање за Будимпешта. Патот води преку граничниот
премин Табановце. Ноќно патување со попатни одмори преку Белград, Суботица до Будимпешта.


ВТОР ДЕН | БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Сместување во хотел. Околу пладне, панорамско разгледување на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав... Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Слободно попладне. После вечерата можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | БУДИМПЕШТА – ПРАГА
Појадок. Заминување за Прага преку Словачка. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Прага во пладневните часови. Сместување во хотел. Заминување за панорамски разглед на градот: Старо место - Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомјасткиот плоштад со Астрономскиот часовник-Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Народниот музеј... Горниот град - Дворецот Храдшчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица.... Вечера. Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна)
дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња.
Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното
Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на "Фиренца на Елба" како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага во вечерните часови Можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава со вечера. Ноќевање.


ПЕТТИ ДЕН | ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Заминување за Виена. Посета на замокот Конопиште која беше резиденција на Престолонаследникот Франц Фердинанд кој беше убиен во 1914 год во Сарајево. Разглед на градината со ружите, прекрасните простории, капелата, колекцијата на оружје и друго.Заминување за Виена. Попатен панорамски разглед на Виена: Плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската Куќа, Виенска Опера, Дворецот Белведере,. Можност за факултативна вечера со програма. Ноќевање.


ШЕСТИ ДЕН | ВИЕНА – БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот заминување за посета на палатата Шонбрун. После посетата заминување за Белград. Пристигнување во Белград. Патување со попатни одмори. Сместување во хотел.Вечера. Вечерта посета на Скадарлија. Ноќевање.


СЕДМИ ДЕН | БЕЛГРАД – БИТОЛА
Појадок. После појадокот панорамски разглед на градот: плоштадите Славија, Теразије, Булеварот на Кралот Александар, Скупштина, Црквата Св.Марко, плоштадот на Републиката, Калемегдан, Кнез Михаилова, мостовите на Сава, Дедиње, Мемориалниот центар и Куќата на цвеќето во која се наоѓа гробот на Ј.Б.Тито... Во вечерните часови заминување кон Битола. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 34.000,оо МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз на дадената релација според програмата
• Разглед на Будимпешта со локален водич
• Разглед на Прага со локален водич

• 1 Ноќевања на база полупансион (појадок-вечера) во хотел со 4* во Будимпешта
• 1 Ноќевања на база полупансион (шведски стол) во хотел со 4* во Прага
• 1 Ноќевања со појадок (шведски стол) во хотел со 4 * во Прага
• 1 Ноќевања со појадок (шведски стол) во хотел со 3/4 * во Виена
• 1 Ноќевања на база полупансион (појадок-вечера) во хотел со 3/4 * во Белград
• Разглед и посета на градот Дрезден во Германија со локален водич
• Разглед и посета на градот Виена со локален водич
• Панорамски разглед на Белград според програмата со локален водич
• Водич придружник за цело време на патувањето
• Организација и водство на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за културно-историските споменици
• Крстарење со брод низ Дунав во Будимпешта
• Крстарење со брод по Влтава во Прага
• Останати неспоменати услуги

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување