ЈУГОСЛОВЕНСКА ПАНОРАМА

7 ДНЕВНА ТУРА

11 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – ТИРАНА – OСТРОГ – БУДВА
Состанок на групата во 20.00 часот пред Безистенот. Заминување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со
попатни одмори преку Елбасан, Тирана, Скадар, Бар се до Будва.


ВТОР ДЕН | ОСТРОГ – КОТОР – ДУБРОВНИК – ТРЕБИЊЕ
Пристигнување во Острог во утринските часови. Посета и поклонување на моштите на големиот светец Св.Василије Острошки. Продолжуваме кон Котор. Патот води преку Которско-Рисанскиот залив. Еден од најинтересните приморски градови во Црна Гора запишан во листата на УНЕСКО како светстко културно наследство. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Патувањето
продолжува кон Дубровник. Пристигнување во Дубровник во пладневните часови; следи разгледување на стариот град, плоштадот Страдун, Тврдината, Катедралата Св. Влах, Дубровничката катедрала, Саат Кулата, културно историски музеј - Кнежев Двор - некогаш седиште на Кнезовите на Дубровачката Република. Заминување кон Требиње. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | ТРЕБИЊЕ – МОСТАР – МЕЃУГОРЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за Мостар. Прошетка и разглед на стариот дел на Мостар, познат по своите стари турски куќи и Стариот мост, симболот на градот, изграден по наредба на Сулејман Величествениот, Отоманската владетел во 1566, на местото на стариот дрвен мост преку реката Неретва. Тука, во 1993 година, градот беше поделен помеѓу Хрватите на Западот и Бошњаците на источната страна и тука сеуште ќе видите бомбардирани згради кои се уште стојат во оваа област. Продолжување кон Меѓугорје, место каде се појавила Мајката Божија на 6 деца. Посета на местото на појавување на Мајката Божија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТ ДЕН | МЕЃУГОРЈЕ – СПЛИТ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Појадок. По појадокот, заминување кон Сплит. Патувањето со попатни одмори. Прошетка и разглед на Сплит (град со 200.000 жители, прв пат населен кон крајот на 3-от век каде што Римскиот император Диоклицијан ја изградил познатата Диоклицијанова Палата. Рапиден растеж достигнува во 7-от век кога се населуваат народи од Грчките и Римските метрополи). Во внатрешноста на ѕидините се наоѓаат бројни културноисториски споменици, музеи и галерии, меѓу кои и црквата Св. Дује - заштитник на градот. После разгледот продолжување кон Плитвице. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ПЕТТИ ДЕН | ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – ПОСТОЈИНСКА ЈАМА – ЉУБЉАНА
Појадок. После појадокот заминување за разглед на еден од најубавите паркови. Неколку часови ќе можите да уживате во убавините на Плитвичките езера. После разгледот, заминување кон Постојинска Јама. Посета на една од најголемите и најпознатите јами во светот - Постојинска јама. Разглед на најпознатата туристичка атракција на Словенија. Продолжување кон Љубљана. Разглед на Љубљана и сите нејзини позначајни културноисториски знаменитости. Разгледот започнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го одбележуваат барокни и сецесиски градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Разглед на Катедралата Св. Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Трострукиот мост и др. Сместување во хотел и краток одмор. Вечера. Ноќевање.


ШЕСТИ ДЕН | ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ – БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот продолжување кон Загреб. Разглед на најзначајните културно – историски знаменитости на Загреб: Музејот на уметноста, Хрватско народно казалиште. Во горниот град: Капитол, Катедралата со Надбискупскиот двор од 13-век, Градец, Камените порти, плоштадот и црквата Св. Марко, Парламентот, Банските двори, кулата Лотршчак, во центарот на градот улицата Илица, цветниот плоштад, црквата Св. Преображение и Плоштадот на Банот Јосип Јелачиќ, Хрватското собрание, Штросмајерово шеталиште, Жичарницата и др. После разгледот, патувањето продолжува кон Србија. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во Белград. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


СЕДМИ ДЕН | БЕЛГРАД – БИТОЛА
Појадок. После појадокот, заминување за разглед на овој прекрасен град распространет на бреговите на Дунав и Сава. Разгледување на сите позначајни културно-историски споменици како што се Скупштината, Кнез Михајлова, Белградската тврдина, Калимегдан, Плоштадот на Републиката, Гробот на поранешниот Претседател на Југославија Јосип Броз Тито - Куќата на цвеќето, Теразије и најголемата црква на Балканот Св. Сава. Слободно време за шопинг. Заминување кон Македонија. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 33.000,оо МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на со високо туристички автобус опремен со клима уред, ТВ, ДВД,
• Сместување во хотел со 3 или 4 * на база (појадок и вечера) во Требиње или околина
• Сместување во хотел со 3 или 4 * на база (појадок и вечера) во Меѓугорје
• Сместување во хотел со 3 или 4 * на база (појадок и вечера) во Плитвице
• Сместување во хотел со 3 или 4 * на база (појадок и вечера) во Љубљана или Загреб
• Сместување во хотел со 3 или 4 * на база (појадок и вечера) во Белград
• Посета и поклонение на Мансатирот на Св.Василије Острошки
• Посета и разглед на Загреб со локален водич
• Посета и разглед на Белград со локален водич
• Посета и разглед на Љубљана со локален водич
• Посета и разглед на Постоинска јама со локален водич
• Посета и разглед на Плитвичките езера со локален водич
• Посета и разглед на Сплит со локален водич
• Посета и разглед на Мостар
• Посета и разглед на Меѓугорје
• Посета и разглед на Дубровник со локален водич
• Посета и разглед на Котор
• Организација и водство на патувањето
• Бродски превоз за преминување на Которскиот залив
• Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за посета на културно – историските споменици
• Останати факултативни посети по програмата
• Доплата за еднокреветна соба +100 €
• Деца до 12 години имаат 25 % ПОПУСТ


НАПОМЕНА:
• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
• Агенцијата го задржува правото на промена на хотелското сместување во зависност од тоа каде има слободни капацитети за сместување.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување