ЧАО ИТАЛИЈА

ПОМПЕЈА | НЕАПОЛ | РИМ | ВАТИКАН | ТИВОЛИ | ПИЗА

1 ДЕН (четврток – 16.04.2020): СКОПЈЕ – ОХРИД – ДРАЧ – БАРИ – РИМ

Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч. Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари. 

2 ДЕН (петок –17.04.2020): БАРИ – ПОМПЕЈА – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол :Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (сабота –18.04.2020): РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ

Појадок.  Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности... Предлагаме вечерна прошетка Roma by night. Ноќевање.

4 ДЕН (недела – 19.04.2020): РИМ – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА

Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот... Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза - Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула,  катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање. 

5 ДЕН (понеделник – 20.04.2020): МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел.  Заминуваме на   факултативна посета на Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио... Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ДЕН (вторник – 21.04.2020): СКОПЈЕ – ОХРИД 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15.02.2020: 15.440,00 ден

Редовна цена на аранжманот: 16.680,00 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Рим-Скопје

  • Превоз со брод на релација Драч-Бари (седиште на брод)

  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)

  • 1 ноќевање во хотел 3* НП воМонтекатини

  • Посета на Неапол со водич

  • Организација и водство на програмата

  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување (без франшиза)

  • Разглед на Рим со локален водич 15 €

  • Посета на Помпеа со влезница и водич 30 €

  • Задолжителана посета на Фиренца   30€

  • Излет Roma by night 15€

  • Посета на Ватикан(резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) 50€

  • Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) 25€

  • Вечерна посета на Пиза 10 €

  • Доплата за бродска кабина Драч-Бари  - 15 €

  • Туристичка такса  Рим 6€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)

  • Туристичка такса  Монтекатини 2€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)

  • Доплата за еднокреветна соба – 3.720 ден

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  •  Попустите не се комбинираат

  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean