
БУДВА
Традиционална програма
И оваа година Ви ја нудиме Будва - Црна Гора како иделна новогодишна дестинација!
За нас една од најинтересните дестинации - помеѓу море и планини , уникатен бисер на Јадранот... Место каде се спојуваат културите, мистериите и митологијата ...Од Кадмо до Његош, од Ловчен до Острог.... имате 1.000 причини зошто Црна Гора да е Вашата следна дестинација!!!
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ДЕН 1 (30.12.2021 / четврток): БИТОЛА – ОХРИД – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 22:00 часот и поаѓање за Црна Гора со попатни паузи и царински формалности.
ДЕН 2 (31.12.2021 / петок): ЦРНА ГОРА – ОСТРОГ – БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во раните утрински часови и посета на Острошки Манастир . Потоа заминување за Будва во пладневните часови. Сместување . Слободно време. Дочек на плоштад со богата музичка програма.Ноќевање.
ДЕН 3 (01.01.2022 / сабота): КОТОР – ХЕРЦЕГ НОВИ – ТИВАТ – БУДВА
Среќна НОВА 2022 година! Можност за факултатива до Котор, Херцег Нови и Тиват. Враќање во Будва. Ноќевање.
ДЕН 4 (02.01.2022 / недела): БУДВА – СВ. СТЕФАН – МАКЕДОНИЈА
Слободно време во Будва. Заминување од Будва со попатна посета на едно од најелитните дестинации на Будва - СВ. СТЕФАН! Враќање во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.300,00 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
2 ноќевања во соби-апартмани 300 м од Словенска плажа 800 м од Стар град во Будва
-
Превоз со туристички автобус на дадената релација
-
Посета на Острошки Манастир
-
Туристичка такса
-
Организација и водство на групата
-
Посета на Св.Стефан
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативен излет до Котор, Херцег Нови и Тиват - со автобус 20 евра
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.