
БУДВА | ХОТЕЛ БИП 2*
Во срцето на Јадранскиот брег на Црна Гора ве чека Будва – бисерот на ривиерата, со долга песочна плажа, а посебно позната по ноќниот живот со многу дискотеки, кафичи, ресторани кој вашиот одмор ќе го направат незаборавен.
Хотел ”БИП” 2* – реновиран во 2019 год., со идеална местоположба на 300 м. од Словенска плажа, со сопствен паркинг: 1/2,1/3 и 1/4 соби, секоја со балкон, twc, тв, wi-fi, и клима – вклучена во цената. Појадокот и вечерата се на база на шведски стол.

Цените се во евра за 4 и 7 ноќевање со појадок и полупансион, по лице – без превоз.
Цените се во евра, плаќањето е во денарска противредност – 1 € = 61.8 денари.
Деца со родители до 4.99 год. – гратис, а од 5 до 16 год. во 1/3 и 1/4 плаќаат 50 %, користат: храна и кревет. Доплата за ручек 5.5 €, се плаќа во хотелот.
Автобуски превоз: 40 € – повратен билет, 25 € за деца, 25 € – еден правец, 15 € за деца
Поаѓање: Прилеп: 00.15 ч, Битола: 01:00 ч. Враќање: од Будва во 14:00 ч.
Термини на поаѓање: Јуни: 05, 12, 19, 26 Јули: 03, 10, 17, 24, 31 Август: 07, 14, 21, 28 Септември: 04, 08.
Напомена:
Доплата за туристичка такса 1,5 € по лице по ден, за деца од 12-18 год. = 1 € (плаќање во агенција).
Доплата за патничко здравствено осигурување (информации во агенција).
Собите се напуштаат во 9 ч, а сместувањето во 13 ч.