БУДВА - ДУБРОВНИК - ЦЕТИЊЕ - ОСТРОГ

1 ден (среда – 10.10.2018): ОХРИД
Поаѓање во 00:00 чaсот со автобус, преку Албанија за Будва.


2 ден (четврток – 11.10.2018): БУДВА
Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, сместување во апартмани. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... Ноќевање.

 

3 ден (петок – 12.10.2018): ДУБРОВНИК – БУДВА
Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод - траект. Пристигнување во Дубровник и кратко разгледување на  стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала... Вракање за Будва преку Тиват со траект.Ноќевање.


4 ден (сабота – 13.10.2018): ЦЕТИЊЕ – ОСТРОГ – ПОДГОРИЦА
Факултативен целодневен излет до Цетиње - старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир - симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на конзулатите. Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. Посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити - Подгорица, па преку Скадарското езеро продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден (недела – 14.10.2018): ЦРНА ГОРА – ОХРИД
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 3.900,00 денари во студија и апартмани

Цената на аранжманот вклучува:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во студија во Будва
- посета на Будва, Цетиње и Острошкиот манастир
- организација и придружник на патувањето.

Цената на аранжманот не вклучува:
- патничко здравствено осигурување,
- целодневен излет до Дубровник  (10 евра),
- влезници за културно историските споменици,
- превоз од Долниот до Горниот манастир Острог - повратна (2 - 3 евра),

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Рок на пријавување до 01.10.2018 година

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување