

БУДВА
1 ден (сабота – 28.04.2018): ОХРИД – БУДВА
Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн во 20:00 часот. Патот води преку Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Струга. Ноќно возење преку Албанија за Будва, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (недела – 29.04.2018): БУДВА
Пристигнување во Будва. Сместување во хотел LOZA . Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море... Вечера. Ноќевање.
3 ден (понеделник – 30.04.2018): ДУБРОВНИК – КОТОР – БУДВА
Појадок. Факултативен целодневен излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел на Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, палатата Спонза, црквата св. Влах, Дубровачката катедрала итн. Враќање за Будва преку Бокакоторскиот залив со попатна посета и прошетка низ стариот дел на Котор при што можат да се видат: катедралата на св. Трифун, и Столбот на срамот. Враќање во Будва. Вечера. Ноќевање
4 ден (вторник – 01.05.2018): СВ. СТЕФАН – ОСТРОГ – ОХРИД
Појадок. По појадокот попатна посета на СВ.Стефан и заминување кон манастирот Острог, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и секако најпосетуван манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17ти век и се верува дека моштите на Св. Василије Острoшки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. После посетата поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
Цена на аранжманот: 4.900,00 денари
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз за дадена релација;
- 2 полупансиони во Хотел LOZA во Будва;
- Острошки Манастир и попатно посета на Св.Стефан;
- Организација и водство на патувањето;
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
- Факултативен излет до Дубровник и Котор – (15 евра);
- Влезници за културно историски споменици.
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
За реализација на факултативата ДУБРОВНИК, потребен е минимум од 30 патници.
За овој аранжман може да се патува и со лична карта, но не и посета на факултативата Дубровник.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.