
Acerca de

БУДИМПЕШТА
БУДИМПЕШТА (Естергом-Вишеград-Сент Андреа-Виена)
Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
1 ДЕН (28.12.2022 – среда): СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ДЕН (29.12.2022 – четврток): БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ДЕН (30.12.2022 – петок): БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање
4 ДЕН (31.12.2022 – сабота): БУДИМПЕШТА – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. Ноќевање
5 ДЕН (01.01.2023 – недела): БУДИМПЕШТА
Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ДЕН (02.01.2023 – понеделник): СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 €/ 12.340 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
Превоз со високотуристички автобус
-
3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
-
Организација на аранжманот
-
Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-
Задолжително патничко осигурување (се плаќа во агенција)
-
Крстарење по Дунав 20€
-
Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа 30€
-
Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
-
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа - 110€
-
Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
-
Доплата за еднокреветна соба 3.600 денари
-
Доплата за седиште по избор 10€
НАПОМЕНИ:
-
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
-
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
-
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
-
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
-
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
-
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.