БУДИМПЕШТА и ВИЕНА

1 ден (четврток – 05.04.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.30 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (петок – 06.04.2018): БУДИМПЕШТА 

Пристигнување во Будимпешта во пладневните часови...посета на најголемиот трговски центар “Арена Плаза“. Сместување во хотел. Слободно попладне, или прошетка низ „Ваци“ улицата...Вечерта – факултативно крстарење со Брод по Дунав...Ноќевање.

3 ден (сабота – 07.04.2018): БУДИМПЕШТА 

Појадок. По појадокот –  факултативно - панорамски разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“...слободно време за индивидуален разглед на градот. Состанок на групата на претходно закажаното место. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан „Чарда“, со комплетно мени и програма...Ноќевање.

 

4 ден (недела – 08.04.2018): ВИЕНА 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот со стручен водич : Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Катедралата Вотиф, плоштадот на Марија Терезија, Хофбург...факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун...слободно време за прошетка, шопинг (ТЦ CITY SUD) или индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Македонија во 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори, преку Унгарија, Србија...  

5 ден (понеделник – 09.04.2018): БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.140,00 ден. - за уплата до 05.03.2018

Редовна цена на аранжманот: 6.560,00 ден

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација

2 НП во Будимпешта во хотел со 3*

Организација, водство и реализација на аранжманот

Организирани трансфери (без надокнада), од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

Факултативните излети и посети

Влезниците при посета на културно-историските споменици

Патничкото осигурување 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА: Панорамскиот разглед на градот – 10 € по лице (препорака), Крстарење со Брод по Дунав – 15 € по лице – минимум 30 лица (препорака), вечера во Национален ресторан “Чарда“ - со програма и мени  – 25 € по лице (препорака). 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА: Разглед на Виена со стручен водич – 30 € по лице (препорака), Замокот Шенбрун – 25 € по лице – влезница со водич.

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување