1 ден (четврток – 06.12.2018): СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА 

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден (петок – 07.12.2018): БУДИМПЕШТА  

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел...  Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 08.12.2018): БУДИМПЕШТА – ВИЕНА 

Појадок. Препорачуваме  посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.. Ноќевање.

4 ден (недела – 09.12.2018): БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА  

Појадок. По појадокот заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден (понеделник – 10.12.2018): СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 6.140,00 денари – за УПЛАТА до 10.11.2018 година. 

Редовна цена на аранжамнот: 6.760,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус

  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)

  • Организација и водство на програмата

  • Организација на аранжманот

  • Лиценциран туристички придружник

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување

  • Разглед на Будимпешта 10€

  • Крстарење по Дунав  15€

  • Посета на Сент Андреа  10€

  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

  • Доплата за еднокреветна соба – 1.550,00 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот

  • Попустите не се комбинираат

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување