БИСЕРИТЕ НА ЈАДРАНОТ

4 ДНЕВНА ТУРА

6 ГРАДОВИ 

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА - ТИРАНА - ДРАЧ
Состанок на групата во 05.00 часот, пред спортската сала Младост, заминување кон Албанија, попратни паузи, царински формалности. Пристигнување во Тирана во утринските часови. Средба со локален водич и разглед на Тирана – Народното собрание, Саат Кулата, ѕвончето на мирот, споменикот на Скендербег, Пирамидата на Енвер Хоџа итн. Поаѓање за Драч. Сместување во хотел, вечера. Слободно време. Ноќевање.


ВТОР ДЕН | ДРАЧ - ПОДГОРИЦА - ОСТРОГ - БУДВА
Појадок. Заминување кон Црна Гора, царински формалости, со попатна посета на Подгорица и слободно време за ручек во центарот на градот. Продолжување за Острог и посета на Острошки манастир, посветен на „Св. Василиј“. Оттаму заминување за Будва и сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | БУДВА - ДУБРОВНИК - КОТОР - БУДВА
Појадок. Заминување кон Дубровник, царински формалности и пристигнување во попладневните часови. Разглед на стариот дел на Дубровник со локален водич. Околу 18.00 часот заминување за Будва, разглед на Котор со Которскиот залив. Пристигнување во Будва во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | БУДВА - СКАДАР - БИТОЛА
Појадок. Во утринските часови заминување од Будва за Битола преку Албанија. Кратка пауза на крајбрежјето каде што се наоѓа најлускузниот остров во Црна Гора, Свети Стефан. Потоа заминување за Скадар и слободно време за ручек. Враќање во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 18.500,оо МКД

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус (клима, ДВД, фрижидер, ТВ)
• Сместување во хотел со вечера и доручек 3 ноќевања
• Влезници за наведените локалитети
• Организација и водство на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за културно историски споменици
• Патничко осигурување
• Се' што не е наведено во програмата

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување