top of page

Acerca de

skadarlija-3.webp

СРБИЈА

БЕЛГРАД | НОВИ САД | СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ (автобус)

1 ДЕН (петок – 10.03.2023): ОХРИД – БИТОЛА – БЕЛГРАД

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 02:30 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), посета на храмот св.Сава, Калемегдан – Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. Доколку има интерес од групата ви нудиме можност да се запознаете со ТАЈНИТЕ НА ПОДЗЕМЕН БЕЛГРАД (турата започнува пред Белградската тврдина и трае околу 2 часа каде се посетува римскиот бунар изграден пред три века, воениот бункер кој бил чувана тајна до 2008 година, големото складиште за барут која е вештачка пештера стара 300 години и на крај се упатуваме кон боемскиот дел каде гостите ги посетуваат винските лагуни на улица Караѓорѓева со дегустација на вино и освежителни пијалоци. Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Доколку има интерес од групата можеме да одиме заедно на вечера со жива музика во ресторан на Скадарлија, потоа заедно се враќаме со автобус до хотел. Ноќевање.

2 ДЕН (сабота – 11.03.2023): НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ – БЕЛГРАД

Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.

3 ДЕН (недела – 12.03.2023): ЗЕМУН – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Факултативна посета на ЗЕМУН, градска населба во сотавот на Белград на десната обала на Дунав. Земун настанал на местото каде се наоѓа кулата Гардош околу 4500 година пне. Гардош претставува импозантна градба од која се отвора прекрасен поглед према Дунав и Белград. Во Земун се наоѓа и најстарата православна црква во Белград, Св.Никола, земунскиот кеј со многубројни кафетерии, ресторани, познато е местото по боемскиот и уметничкиот дух…По прошетките се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу сат и половина. На крај од програмата се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови. Трансфери за патниците од другите градови.

Цена на аранжманот: 6.200,00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз на наведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград

  • Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител на групата

  • Дегустација на вино во Сремски Карловци (за патниците кои доаѓаат на факултатива)

  • Вклучена туристичка такса за време на целиот престој

  • Разглед на Белград со локален водич

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

• Патничко осигурување (информации во агенција )

• СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 25 еур (со локален водич)

• ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еур

• ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАН НА СКАДАРЛИЈА СО ЖИВА МУЗИКА – 25 еур (предјадење, главно јадење, десерт)

• ЗЕМУН СО КУЛАТА ГАРДОШ – 10 еур (со локален водич)

• ТАЈНИТЕ НА ПОДЗЕМЕН БЕЛГРАД – 10 еур (со локален водич, вино, освежителни пијалоци)

 

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување

bottom of page