Ф.jpg

БЕЛГРАД | ФРУШКА ГОРА | НОВИ САД

1 ДЕН (04.03.2022 - Петок): ОХРИД - БИТОЛА

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 23:00 часот од Спортска Сала. Поаѓање за Белград. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.

2 ДЕН (05.03.2022 - Сабота): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Титовиот музеј, стадионите на Црвена Ѕвезда и Партизан, плоштадот Славија, храмот на Свети Сава, Парламентот, Стариот и новиот дворец, Теразије, плоштадот Република, спонменикот на кнез Михајло Обреновиќ, Народниот театар, Народниот музеј. Продолжуваме со пешачка тура со локален водич: храм Св. Сава, Калемегдан, Споменикот на победата, Кнез Михајлова (познатата пешачка улица), конакот на Кнегиња Љубица. Сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Факултативна посета на ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

3 ДЕН (06.03.2022 - Недела): ФРУШКА ГОРА - НОВИ САД

Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад. Прво пристигнуваме во Фрушка Гора - национален парк со 16 православни манастири и посета на манастирот Ново Хопово. Потоа следи посета на Сремски Карловци: Соборната црква Св.Никола, Римокатоличката црква, Карловачката гимназија, фонтаната "4 Лава". Продолжуваме кон Петроварадинска тврдина - изградена на десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин. Се упатуваме кон Нови Сад: Римокатоличката црква, палатата на Владиката, Соборната православна црква. Слободно време за индивидуална прошетка. Попатно посета на трговски центар ИНЏИЈА. Пристигнување во Белград во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (07.03.2022 - Понеделник): БЕЛГРАД - УШЧЕ - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по Дунав и Сава. Посета на трговски центар УШЧЕ, слободно време за шопинг, кафе и сл. Поаѓање за Македонија, денско и вечерно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во ноќните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 евра (РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА за уплата до 10.02.2022)
Редовна цена на аранжманот: 99 евра

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Превоз на дадената релација со автобус
- Организација и водство на групата
- Панорамски разглед и пешачка тура на Белград со локален водич
- Посета на шопинг центар УШЧЕ


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Целодневен излет: Фрушка Гора, Сремски Карловци, Петроварадин, Нови Сад - 25 евра
- Факултативно крстарење по Дунав и Сава - 15 евра
- Здравствено-патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.