1 ДЕН (недела – 29.12.2019): БИТОЛА

Поаѓање за Белград  во 22.00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ДЕН (понеделник – 30.12.2019): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан. Ноќевање.

3 ДЕН (вторник – 31.12.2019): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче како и слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Вечерта дочек на Новата 2020 година на плоштад. Ноќевање.

4 ДЕН (среда – 01.01.2020): НОВИ САД – СОМБОР – БИТОЛА

Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад - разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина... Продолжување за Сомбор, кратка обиколка на центарот на градот па потоа се оди на “Салаш” - пречек со домашна ракија и богат салашки ручек со специјалитети на Војводинската кујна и домашни неограничени пијалоци во незаборавен амбиент придружуван од тамбурашка музика. Вечерта поаѓање за Македонија и пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2020.   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.900,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

 - Автобуски превоз на дадената релација

 - Сместување во хотел со 3* - 2 ноќевања со појадок

 - Разгледување на Белград со локален водич

 - Организација и водство на аранжманот

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

- Здравствено патничко осигурување (без франшиза)

- Целодневен излет до Нови Сад, Сомбор и ручек со тамбурашка музика на Салаш со неограничено пиење и јадење - 30 еур

- Крстарење по Сава и Дунав – 10 еур

- Влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување