БАРСЕЛОНА (авион)

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи, кај некои од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 

ПРОГРАМА

1 ден: (12.10.2018 - Петок) | Скопје - Барселона

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселонa во 18:30 часот. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден: (13.10.2018 - Сабота ) | Барселона (Панорамски Разглед, Рамблас, Аквариум, Маремагнум)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот - еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за кафе пауза, ручек или шопинг во шопинг - центарот „Маремагнум“. Во ноќните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (14.10.2018 - Недела ) | Барселона (Парк Гуел - Шпанско Село, Ноу Камп, Фламенко)

Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Почнуваме со посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек - дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30 - тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот - „Ноу Камп“ - “домот” на фудбалскиот клуб „Барселона“, каде ќе имате можност да го посетите музејот на клубот и да ги видите многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан и можност за уживање во прекрасното Фламенко шоу, со вечера на принцип шведска маса (доплата), со голем избор на храна и пијалоци (оние кои што доаѓаат на Фламенко со вечера, почетокот е во 20:00 часот, а оние кои се за Фламенко со пијалок, почетокот е во 20:30 часот). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден: (15.10.2018 - Понеделник ) | Барселона (Зоолошка Градина и Парк Цитадела) - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина. Лоцирана во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини, со преку 1 милион посетители годишно. На површината на зоолошката живеат над 2500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на ЗОО, односно постои можност голем број од животните да ги погалите. До пред неколку години, оваа зоолошка градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродромот во Барселона, пријавување, пасошки и царински формалности. Летот до Скопје е во 21:55 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:40 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: ОД 359€ (22.258 ДЕНАРИ)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Барселона - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;

  • Голема кабинска торба 10 kg багаж, вклучени во цената;

  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;

  • Сместување во двокреветни соби во хотел Viladomat со 3 * (во центар);

  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3720 денари;

  • Туристичка такса, се плаќа во хотел - 1 € по лице на ден;

  • Билети за јавен превоз со метро;

  • Патничко осигурување;

 

ФАКУЛТАТИВИ

Цена на Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Барселона со водич - 26 €;

  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет, трансфер со метро - не е вклучено во цената) - 34 € / само билет 24 €;

  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Шпанско село) со водич и билет - 55 €;

  • Посета на Зоолошка Градина - 28 €;

  • Фламинко шоу со пијалок - 40 €, со вечера 55 €;

  • Аквариум (влезница и претставник од агенција) - 21 €;

 

Важна напомена:

Поради потреба за навремено резервирање и уплата на влезници, панорамскиот разглед, парковите и ЗОО, се уплаќаат во агенција, најмалку 20 дена пред патувањето. Не гарантираме влез доколку клиентот се одлучи за посета на факултатива на лице место.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување