
8-ми СЕПТЕМВРИ - БАНСКО
1 ден (петок – 08.09.2017): БИТОЛА – БАНСКО
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во Битола во 04:00 часот. Поаѓање за Бугарија во 04:30 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Струмица, г.п. Ново Село... Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотелот Мурите 4*. Ручек. Вечера. Ноќевање.
2 ден (сабота – 09.09.2017): БАНСКО
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, користење на базените и СПА услугите на хотелот. Ручек. Вечера. Во вечерните часови трансфер до Банско. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (недела – 10.09.2017): БАНСКО - БИТОЛА
Појадок. Одјавување од хотелот. Во претходно договорено време, во попладневните часови поаѓање за Македонија. Денско и ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Битола во доцните ноќни часови.
Цена на аранжманот: 5.980 денари
- 1 дете до 13,99 години (во едноспален апартман) – 1.580 ден
- 2 дете до 13,99 години (во едноспален апартман) – 3.580 ден
- 3 возрасен и 4 возрасен (во едноспален апартман) – 4.580 ден
Цената на аранжманот вклучува:
-
Автобуски превоз на горенаведената релација,
-
2 ноќевања во хотел Мурите 4*, на база на СЕ ВКЛУЧЕНО услуга (појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и чај од 10:00 до 22:00 часот)
-
Користење на базенот и СПА услугите на хотелот (надворешен и внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања, фитнес)
-
Организација, водство и реализација на аранжманот.
Цената на аранжманот не вклучува:
-
Патничкото осигурување
Начин на плаќање:
30% од сумата при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот, најкасно 5 дена до почетокот на аранжманот.
Напомена:
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ