АЗУРЕН БРЕГ

6 ДНЕВНА ТУРА 
6 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА - МИЛАНО

Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.


ВТОР ДЕН | МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza
Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во хотел. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | МИЛАНО - НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Ноќевање.
 

ЧЕТВРТ ДЕН | НИЦА - СЕНТ ТРОПЕЗ - КАН

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град.
Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

ПЕТТИ ДЕН | НИЦА -- ЕЗ - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО - БИТОЛА

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Патот
продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

ШЕСТИ ДЕН | БИТОЛА

Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 33.500,оо МКД

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
• Сместување во Милано на база 1 ноќевање со појадок,во хотел 3*
• Сместување во Ница на база 2 ноќевања со појадок, во хотел 3*,
• Разглед на Ница,
• Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за културно историски споменици, музеи.
• Билети за јавен превоз
• Доплата за еднокреветна соба 5,400 ден

• Задолжително патничко осигурување
• Разглед на Милано со локален водич (10€)
• Посета на Ез, Монако и Монте Карло (20€)
• Посета на Кан и Сент Тропез (30€)
• Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
• Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден, се плаќа во агенција)

 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean