АТИНА

1 ДЕН (четврток – 05.03.2020): МАКЕДОНИЈА – АТИНА

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 20,30 часот. Поаѓање во 21:00 часот од Спортска Сала Младост. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

 

2 ДЕН (петок – 06.03.2020): АТИНА

Разглед. Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…). Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за ноќна прошетка во центарот на Атина и Плака. Ноќевање1.

3 ДЕН (сабота – 07.03.2020): АТИНА – ЕГИНА 

Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (25 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер. Ноќевање 2.

4 ДЕН (недела – 08.03.2020): АТИНА – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Организиранo заминување за Сунион-најјужната точка на Балканскиот полуострово со посета на Посејдоновиот храм (факултативно 10 Еур). Слободно време за прошетка и ручек. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до Охрид, Прилеп и Скопје.

Цена на аранжманот: 109Еур/ 6,758,00 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 60 Еур/ 3700,00

Еднокреветна соба 135 Еур. Трето лице на додатен лежај 89 Еур.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо туристички автобус

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* www.londonhotel.gr

  • Организиран разглед на градот со локален водич

  • Организација и водство на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативен излет на островот Егина (бус+брод) 25 Еур

  • Екскурзија на Сунион 10 Еур

  • Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур);

  • Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

    НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување