1 ДЕН (понеделник – 30.12.2019): БИТОЛА – ЕВИА

Состанок на групата во 23:00 часот. Тргнување од Битола во 23:30 часот од главна автобуска станица. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

 

 

2 ДЕН (вторник – 31.12.2019): ЕВИА, ЕДИПСОС

Пристигнување во утринските часови во Глифа и со траект префрлување до Агиокампос на островот Евиа. Се упатуваме кон градчето Едипсос. Сместување во хотелот IFIGENIA MARO 3*. Време за слободни активности. Индивидуален разглед на Едипсос. Можност за користење на некој од спа – центрите во Едипсос и топлите извори на плажата покрај морето. Во вечерните часови, новогодишна забава со вклучена свечена вечера. Ноќевање 1

 

 

3 ДЕН (среда – 01.01.2020): АТИНА (факултатива)

Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија до Атина. Поаѓање за Атина во 08:00 часот Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Враќање во Атина и слободно време за индивидуални активности. Враќање во Евиа. Ноќевање 2

 

 

4 ДЕН (четврток – 02.01.2020): ЕВИА – МАНАСТИРИ (факултатива) – БИТОЛА

Појадок. Факултативно (10 Еур) организирана посета на Манастирите Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите како и манастирот Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Заминување за Битола. Патување со попатни паузи.

 

Цена на аранжманот: 6,760,00 МКД

ЗА УПЛАТА ДО 01.12.2019 – ГРАТИС ФАКУЛТАТИВА – ПОСЕТА НА МАНАСТИРИТЕ

Деца: 2-12 години со двајца возрасни: 3.700,00 МКД

Еднокреветна соба 9.610,00 МКД. Трето лице на додатен лежај 5.330,00 МКД. Сопствен превоз -1.860,00 МКД од цената.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Превоз со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во хотел IFIGENIA MARO 3*;
– Новогодишна свечена вечера;
– Организација и водство на патувањето.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Целодневна екскурзија до Атина (25 Еур со превоз и локален водич);

– Посета на манастирите (10 еур);

– Патничко и здравствено осигурување;

– Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице.

НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА ИНТЕР ТРАВЕЛ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување