АНКАРА | КАПАДОКИЈА | ИСТАНБУЛ

7 ДНЕВНА ТУРА

1 ЗЕМЈА

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

​ПРВ ДЕН | Поаѓање во 12:00 часот, патување преку Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

 

ВТОР ДЕН | Пристигнување во Анкара во утринските часови. Сместување во хотел Алмер. Попладнето разгледување на Анкара со водич: Мавзолејот на Ататурк - основачот на современа Турција, Музејот на анадолските цивилизации (превоз, влез со водич - 10 €), Етнографскиот музеј, зграда на Парламентот, Читаделата ... Слободно попладне во центарот на градот. Вечера. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН | Појадок. Поаѓање за Кападокија - област позната по своите релјефни форми формирани пред десетина илјади години по избувнување на два вулкани, област споменета во Библијата каде раните христијани се населиле за слободно да ја проповедаат христијанската религија. Попатна фото - пауза на второто по големина во светот најсолено езеро - Туз Ѓоли. Пристигнување во Кападокија. Посета на подземниот град Кајмакли - еден од неколкуте најголеми и најдлабоки градови во Кападокија со 8 катови кои одат во длабочина до 85 метри. Во попладневните часови сместување во хотел во градчето - касаба Ургуп. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН | Појадок. Целодневно разгледување на најинтересните места во Кападокија со водич: Долината на Камилата, Долината на приказните или музејот на отворено "Зелве", Долината на пашата - Паша ба, а потоа продолжување до Националниот Парк "Ѓореме" центарот на раното христијанство во чии пештери се наоѓаат цркви и манастири. Пауза за ручек. Посета на касабата "Аванос" - познат по традиционалното рачно ткаење на килими, како и на традиционалното грнчарство - посета на грнчарска работилница ... Враќање во хотел. Вечера. Вечерта, организирана факултативна посета на национален ресторан со ориентална фолклорна програма, танц на Дервишите и неограничено конзумирање на пијалоци и мезе - салати. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН | Појадок. Заминување за Истанбул со попатна посета на највпечатливиот скалест замок "Учхисар" - симбол на архитектурните чуда во кападокија. Продолжување за истанбул и пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

ШЕСТИ ДЕН | Појадок. Факултативно крстарење со брод со локален водич по Босфорот - со единствена можност за запознавање на палатите од двете страни на каналот и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа со Азија. Потоа, разглед на градот со локален водич: Римскиот аквадукт, Патријаршијата, мостот Галата, Султанахмед (сината) џамија, хиподромот, а потоа посета на шопинг центар. Вечерта, поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни одмори. 

СЕДМИ ДЕН | Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 27.900,оо МКД

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз на дадената релација

1 полупансион (вечера и појадок) во хотел со 3* во Анкара

2 полупансиони во хотел со 3* во Кападокија

1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Истанбул

Разгледување на Анкара, кападокија и Истанбул со локален водич

Организација и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Влезници за културно историски споменици

Се' што не е наведено во програмата

Превоз со влез на подземниот град Кајмакли - 8 

Превоз со влез на музејот на отворено Зелве - 5 €

Превоз со влез на Манастирскиот комплекс Ѓореме - 9 €

Превоз со влез на тврдината Учхисар - 3 €

Посета на национален ресторан со програма - 25 €

Факултативно крстарењесо брод по Босфорот - 15 €

Влезници за други културно историски споменици

Можност за летање со балон над Кападокија во зависност од временските услови - 140 €

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување