АЛБАНИЈА | ЦРНА ГОРА | ХРВАТСКА

4 ДНЕВНА ТУРА

6 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – ОСТРОГ
Состанок на групата во 21.00 ч. Поаѓање кон Црна Гора во 21.30 ч. Патување со попатни одмори према Струга, граничниот премин Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар се до Острог. Ноќно патување.


ВТОР ДЕН | ОСТРОГ – БУДВА – ТРЕБИЊЕ
Пристигнување во Острог во предпладневните часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Требиње. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | ТРЕБИЊЕ – ДУБРОВНИК – КОТОР – БУДВА – СКАДАР
Појадок. После појадокот заминување целодневен излет до Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на Котор, големиот број на палати и цркви во стариот град. Заминување кон Будва. Разглед на стариот град на Будва кој се смета за еден од најстарите наслеби на Јадранот. Заминување кон Скадар. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | СКАДАР – ТИРАНА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот заминување кон Драч и Тирана. Заминување кон Македонија. Патување со попатни одмори. Попатна посета и разглед на главниот град на Албанија – Тирана ( Музејот, Плоштадот Скендер Бег, Џамијата и др.) Патување кон Елбасан и Кафасан. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 16.900,oo МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

•  Автобуски превоз на дадената релација со туристички автобуси опремнени со (ЦД, ТВ, ДВД, AC)
•  Хотелско сместување во хотел со 3 или 4* во 1/2, 1/3 соби на база полу пансион (ноќевање, појадок, вечера)
•  Посета и разглед на Острог, Котор и Будва и Дубровник со локален водич
•  Пратител, oрганизација, водство и реализација на патувањето


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
•  Влезници за посетна културно историски споменици
•  Патувачко осигурување


НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 35 платежни патници по автобус.
- Агенцијата го задржува правото поради висока туристичка сезона во Црна Гора да го промени местото и програмата за ноќевање според слободни капацитети на хотелите.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean