ВЕНЕЦИЈА

| Фиренца - Верона - Сирмионе |

1 ден (среда – 06.03.2019): ОХРИД – СКОПЈЕ                          

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Скопје во 11.00 ч на паркингот  на спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 11.30ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (четврток – 07.03.2019): ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во пладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (петок – 08.03.2019): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден (сабота – 09.03.2019): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

 

5 ден (недела – 10.03.2019): СКОПЈЕ – ОХРИД

Пристигнување во Скопје во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.380,00 денари – за УПЛАТА до 15.02.2019 година

Редовна цена на аранжманот: 8.620 денари 

                                                                                                           

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*

  • Организација на аранжманот

  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз + Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција – 25 €

  • Посета на Фиренца – 45 €

  • Целодневна задолжителна посета на  Верона и Сирмионе – 20 €

  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2 €  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

  • Влезници за музеи и споменици

  • Задолжително патничко осигурување

  • Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување